ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи

ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на денешната седница на Извршниот комитет на партијата. Членот на Извршниот комитет, Тимчо Муцунски, во изјава за медиумите вели дека ова биле победнички листи и се надеваат на поддршка од граѓаните.

„Овие избори се всушност одлука за тоа каква Македонија сакаме. Нивната, таа на власта, затворена, омаловажена, криминализирана, или онаа Македонија каква народот ја сака, и за каква се бориме. Македонија со надеж, иднина и сигурност.Македонија која ќе биде повторно на народот, институциите ќе бидат функционални, системот ќе биде нормализиран.Народот бара и очекува одговорност, бара и очекува принципи и враќање на вредностите во политиката“ – рече членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски.

Муцунски вели дека при составувањето на листите, воделе смета за гласот на народот, барањата и потребите.

“Носителите на овие победнички листи се: Во првата изборна единица е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски каде очекуваме огромна поддршка и огромна победа. Втората изборна е мојот колега и пријател Владо Мисајловски. Третата изборна единица е Драган Ковачки. Четвртата изборна единица е потпретседателот Александар Николоски. Петата изборна единица генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски. И шестата изборна единица каде очекуваме исто така убедлива доминација во однос на СДС е Дафина Стојановска“, рече Муцунски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот