Влада: Ја купуваме зградата на ЕСМ, дадовме аванс, целиот износ не го знаеме

Владата ја почнала постапката за купување на висококатницата на ЕСМ која се наооѓа на плоштадот во Скопје, дала аванс, но не знае колку ќе ја чини целиот објект.

– Започната е постапка за формално-правна промена на сопственоста на државен имот-управната зграда на ул. 11 Октомври бр. 9 на плоштадот „Македонија“ во сопственост на АД Електрани на Северна Македонија и префрлање на истиот на Владата на Република Северна Македонија, која е основач и единствен сопственик на АД ЕСМ. За предметната намена, Владата на Република Северна Македонија на крајот на 2020 година му исплати на АД ЕСМ 1.000.000 евра на име аванс. Останатите средства ќе бидат исплатени по сметководствена, односно книговодствена вредност на денот на склучување на договорот и официјалната проценка на вредноста на објектот – велат од Владата за „Слободен печат“.

Од Владата не откриваат ниту зошто ја купуваат зградата.

– Дополнително ќе се утврдува кои институции би биле сместени во објектот – ни одговорија од Владата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот