Вкусови што се памтат: Грчка кујна – Гиро пита (РЕЦЕПТ)

YouTube
YouTube

Многу риба, морски плодови, суфлаки, фета сирење, грчка пита и многу слатки десерти ја карактеризираат грчката кујна. Свежите производи, употребата на ароматизирани растенија и зачини, маслиновото масло и едноставноста се основни карактеристики на грчката кујна.

За денес ќе ви го откриеме традиционалниот рецепт на Гиро Пита која оди со секоe грчко јадење, но има посебна мајсторија при подготовката.

Состојки:

– 160 милилитри млеко на собна температура
– 80 милилитри вода на собна температура
– 1 лажичка шеќер
– 2 лажички квасец
– 320 грама тврдо брашно
– 1 и пол лажичка сол
– 1 лажичка мајчина душица
– 1 супена лажица маслиново масло
–  бибер по вкус

Подготовка:

Во подлабок сад ставете го млекото, водата, шеќерот и квасецот и мешајте додека не се соединат. Потоа додадете го брашното, солта и мајчина душица.

Мешајте додека смесата не почне да се лепи за вашите прсти. Ставете го тестото во друг сад кој претходно сте го премачкале со масло, покријте го со крпа и оставете го тестото да нарасне. Тестото за 20-30 минути ќе нарасне двојно.

Исечете го тестото на шест еднакви делови, а потоа секое парче направете кора во кружен облик.

Ставете маслиново масло да се грее во тава, но на тивко.

Откако ќе се загрее тавата, поставете го едното парче тесто и печете го неколку минутки (како палачинки), од двете страни.

Посолете, ставете бибер и уште малку мајчина душица.

Уживајте во вкусот заедно со суфлаки!

Вкусови што се памтат: Грчка кујна – Суфлаки (РЕЦЕПТ)

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот