Вкусови што се памтат: Грчка кујна – Суфлаки (РЕЦЕПТ)

YouTube
YouTube

Многу риба, морски плодови, суфлаки, фета сирење, грчка пита и многу слатки десерти ја карактеризираат грчката кујна. Свежите производи, употребата на ароматизирани растенија и зачини, маслиновото масло и едноставноста се основни карактеристики на грчката кујна.

Суфлаки е многу повеќе од месо на стапче. Еден од најбараните специјалитети на грчката кујна кој се прави од свинско, пилешко или јагнешко месо исечено на коцки.

Маринирањето е најважно во подготовката на секое суфлаки во микс од зачини

Состојки:

1кг свинско месо (каре)

За маринада:

– 2 лимони
– 3 лажички оригано
– 1 лажиче сув рузмарин
– 1 лажиче мајчина душичка
– 1 лажиче сол
– 1/2 лажиче бибер
– 15 лажици маслиново масло
– 15 стапчиња за раженчиња

Подготовка:

Месото се сече на коцки се става во чинија и се посипува побогато со маслиново масло и се додаваат сите зачини од листата за маринада и на крај сокот од лимон.

Меѓу парчињата месо се редат парчиња кромид или лук по желба. Се остава да се впијат сите зачини во месото околу 3 часа. Парчињата месо едно до друго ги нижете на раженчиња.

Најубаво е да ги печете на скара, но ако немате можност тоа нека биде грил – тава.

Се послужува со грчки сос, свежа салата или пржени компири.

Добар апетит!

Вкусови што се памтат: Грчка кујна – Локумадес (РЕЦЕПТ)

Вкусови што се памтат: Грчка кујна – Галотопита (РЕЦЕПТ)

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот