Вкусно и едноставно: Месен ролат со тиквички и јајца

Доколку се мислите и грижите каков ручек да приготвите денес а да не ви одземе премногу време, имаме идеја за вас!

СОСТОЈКИ:

  • 500 г мелено јунешко
  • 1 тиквичка
  • ½ главица кромид
  • 1-2 чешниња лук
  • 2 лажици доматен сос
  • 2 резанки стар леб
  • 1/3 чаша рендан пармезан
  • 1 јајце
  • 3 тврдо варени јајца
  • магдонос
  • лебни трошки
  • сол и црн пипер

ПОДГОТОВКА:

Во еден сад изрендајте ја тиквичката, додајте ѝ ги сечканиот лук и кромид, магдоносот, сосот од домати, месото и зачинете со сол и црн пипер. Лебот натопете го во вода да омекне и така натопен додајте го во месото, заедно со јајцето и пармезанот. Замесете ја смесата да се распоредат состојките. Плехот за печење намачкајте го со масло и покријте го со слој лебни трошки. На нив ставете една третина од смесата во форма на правоаголник, над ова ставете ги лупените варени јајца, прекријте со другата смеса и обликувајте ролат. Посипете го со лебни трошки, ставете малку масло одозгора и печете во рерна загреана на 180 степени, 40-ина минути.

Пријатен ручек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот