Витлеем ја откажа прослава за Божиќ во чест на палестинските „маченици“

Фото: Профимедиа

Градските власти во Витлеем на Западниот Брег објавија дека плоштадот Мангер, местото за кое се верува дека е родното место на Исус Христос, нема да ја изложи својата елка и украсните светилки.

Властите соопштија дека на овој потег се одлучиле за да им оддадат почит на палестинските „маченици“, а ова е првпат откако Божиќ во тој град се слави на модерен начин на плоштадот Мангер да нема божиќни украси, пишува The Telegraph.

Телеграф известува дека украсите на плоштадот Мангер биле поставени и за време на пандемијата на коронавирус. Градските власти во Витлеем соопштија дека „во чест на мачениците“ и „во знак на солидарност со жителите на Газа“украси нема да има.

Портпаролот на градот Витлеем изјави дека ќе има божиќна миса и божиќни молитви, но дека никаде во градот нема да има новогодишни украси.

„Причината за тоа е ситуацијата во Палестина. Луѓето не се расположени за славење. Тие се тажни и вознемирени. Нашите луѓе во Газа се истребени и ладнокрвно убивани“, рече портпаролот. „Затоа не е соодветно да се одржуваат сите овие прослави додека има масакр во Газа“, додаде портпаролот.

Витлеем, град во кој живеат приближно 25 илјади луѓе, се наоѓа на околу 10 километри јужно од Ерусалим. Економијата на Витлеем е многу зависна од туризмот, особено околу Божиќ, кога луѓе од целиот свет доаѓаат на плоштадот Мангер и базиликата на Христовото раѓање. Откако Хамас го нападна Израел на 7 октомври, во Витлеем нема многу туристи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот