Виси продажбата на Њукасл, барање да се вмеша и англиската влада

Пробажбата на Њукасл ги загрижи останатите екипи во Премиер лигата/ фото: EPA-EFE/LYNNE CAMERON

Група парламентарци и пишаа на Владата за погубноста од влезот на капиталот на саудискиот принц Мохамед бин Салман.

Продажбата на Њукасл на конзорциумот ПИФ „Public Investment Fund“ кој е под контрола на саудискиот принц сè уште не е официјална, а во Англија се зголемува отпорот против оваа инвестиција на Бин Салман.

Мохамед бин Салман/ Фото: EPA

Уште еден глас против преземањето на клубот од страна на саудискиот престолонаследник дојде од група парламентарци кои во писмо испратено до Владата изразија загриженост за продажбата на Њукасл.

Помеѓу 16. потписници се наоѓа и поранешниот лидер на лабуристите Нил Кинок, кој според англиските медиуми ја повика Владата да ја преземе главната улога во спречувањето на, како што пишува во писмото, перењето на пари преку спортот во Велика Британија.

Претходно беше договорено ПИФ за сума од 300 милиони евра да го купи Њукасл и ќе добие 80 проценти од акциите, додека малцински сопственици треба да бидат посредничката во преговорите Аманда Стејвли и браќата Рубен.

Противниците на влезот на саудискиот принц во англискиот фудбал се повикуваат и на извештаите на организациите за човекови права, но највеќе поради убиството на новинарот Џамал Кашоги во 2018 година кое се случи во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул.

Освен парламентарците, борците за човекови права и вереничката на Кашоги, уште еден адут кој во борбата против преземањето на Њукасл е кражбата на ТВ правата за Премиер лигата.

Катарската телевизија БеИн Спортс која ги има ТВ правата за Премиер лигата за тој регион, ги обвини Саудијците за пиратерија, односно илегално емитување на натпреварите од Премиер лигата.

Засега англиската влада нема намера да се меша во продажбата на Њукасл и според секретарот во министерството за спорт и култура, Оливер Дауден, ќе остават прашањето да го реши самата Премиер лига, но не исклучува да реагираат во подоцнежната фаза од преземањето на клубот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот