Вимблдон наплати 114 милиони евра отштета за откажувањето и веднаш направи потег за почит

Најпознатиот тениски турнир годинава нема да се одржи поради пандемијата на коронавирусот.

Неофицијалното светско првенство, Вимблдон, е еден од 34. тениски турнири кои се откажани откако започна кризата со коронавирусот, но е и единствен кој ќе добие пари за откажувањето и тоа од осигурителна компанија.

Имено, Ол Ингланд клубот кој го организира Вимблдон, во своето осигурување уште во 2003 година вклучи и случај на пандемија бидејќи тогаш на светот му се закануваше САРС вирусот и сега ќе добие дури 114 милиони евра.

Тие секоја година за осигурувањето од пандемија годишно плаќаа по 1.7 милиони евра, пишува весникот „Тајмс“.

Медиумите пишуваат дека двата преостанатите два грен слем турнири, Ролан Гарос кој е презакажан за септември и УС Опен кој треба да започне кон крајот на август, немаат вакво осигурување и им се заканува загуба од 250 милиони евра доколку се одложат.

Веднаш откако успеаја да ги наплатат парите, од Ол Ингланд клубот објавија дека дел од парите, поточно 23 милиони евра ќе ги распределат на тениските клубови, турнири, судии, играчи и останати тениски лица кои се погодени од кризата која настана со ширењето на коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот