Вимблдон: И Циципас загуби сет па се пласира во второто коло

Стефанос Циципас/фото: EPA-EFE/KIERAN GALVIN

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас го победи Швајцарецот Александар Ришард со 3:1 во сетови и тоа 7:6,6:3,5:7,6:4, по три часа и 34 минути игра и се пласира на второто коло на Вимблдон.

Во првиот сет и двајцата тенисери направија по два брејка, па прашањето за победникот беше решено во тај-брејк во кој грчкиот тенисер беше многу подобар и на противникот му дозволи да освои само еден поен.

Вториот сет се одвиваше целосно во знакот на петтиот тенисер на АТП ранг листатакој двапати му го одзеде сервисот на Ришард и поведе со 2:0 во сетови.

Но, Швајцарецот не се предаде и благодарение на одлучниот сервис успеа да спаси неколку брејк топки за потоа во 11 гем да направи брејк и да ја намали предноста на Циципас на 2:1 во етови.

Четвриот сет започна одлично за Ришард кој дојде до брејк во воведниот гем, но Циципас веднаш направи ри-брејк , а потоа со уште еден брејк во десеттиот гем го завери пласманот во второто коло. Следен противник ќе му биде Австралиецот Џордан Томпсон, кој во три сета го елиминира Роберто Карбељас Баења.

Убедлив настап во првото коло имаше Роберто Баутиста Агут кој му дозволи на Унгарецот Балаш да освои само четири гема, додека победа во пет сета издвојуваа Денис Шаповалов, Лоренцо Сонего и Филип Крајиновиќ во дуелите со Риндеркнех, Кудла и Лехецка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот