ВИДЕО| Најголема катастрофа во Русија во последните 10 години: Бројот на жртви во рудникот во Сибир се искачи на 57, уапсен директорот

принтскрин jутјуб

Инцидентот се случи откако се запали јагленовата прашина во вентилационата шахта , исполнувајќи го окното на сибирскиот рудник со чад, поради што на лице место починале 11 лица.

принтскрин jутјуб

До вечерта, како резултат на неуспешната операција за извлекување на десетици исчезнати или заробени рудари се претвори во трагедија, откако неколку спасувачи наводно се задушиле.

Руските власти соопштија дека „никој не останал жив“. Повеќето од 285-те луѓе во рудникот Листвјажнаја, во областа Кемерово, на околу 3.500 километри источно од Москва, побегнале веднаш по инцидентот,

Официјални лица соопштија дека 49 рудари биле пренесени во болница со повреди. Некои од нив се здобиле со труење со чад, а четворица се во критична состојба.

Десетици рудари не можеле да избегаат по првичниот инцидент, но спасувачките операции мораа да бидат прекинати откако беше откриено опасно високо ниво на метан во рудникот, што предизвика страв од можни експлозии.

Една од спасувачките екипи не успеала да излезе од рудникот. Подоцна беа пронајдени телата на тројца спасувачи, со што официјалниот број на загинати се искачи на 14.

Доцна во четвртокот, неколку извори изјавија за руските медиумски агенции дека не се очекува да бидат пронајдени повеќе преживеани и дека бројот на загинатите се искачил на над 50, вклучително и шест спасувачи кои настрадале за време на акцијата за извлекување на рударите.

Според последните информации, вкупниот број на жртви во оваа несреќа во рудникот е 57. Три лица, меѓу кои и директорот на рудникот, се уапсени поради наводни безбедносни нарушувања.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот