ВИДЕО I Во САД уапсен функционер од Ново Мексико, основачот на групата наречена „Каубои за Трамп” учествувал во нападот на Капитол

Министерството за правда на САД вчера соопшти дека е уапсен избран функционер од Ново Мексико поради поврзаност со нападот на Капитол на 6 јануари, по што тој изјави дека има намера повторно да замине во Вашингтон со огнено оружје во знак на протест против инаугурацијата на Џо Бајден.

Куој Грифин, окружен функционер во Ново Мексико и основач на групата наречена „Каубои за Трамп”, беше меѓу илјадниците кои упаднаа во Капитол обидувајќи се да спречат Конгресот да ја потврди победата на демократот Бајден над републиканскиот претседател Доналд Трамп. Тој стоел на скалите на зградата, но не влегол во неа.

Властите соопштија дека тој се вратил во Ново Мексико по бунтот, каде на 14 јануари на состанокот на Советот на округот Отеро изјавил дека планира да се врати назад во Вашингтон со пушка и револвер во знак на протест против инаугурацијата на Бајден оваа среда.

Не беше веднаш јасно дали Грифин носел огнено оружје кога бил уапсен во неделата. Тој е обвинет затоа што нелегално влегол и останал во забранетата зона.

Извор.МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот