ВИДЕОАНКЕТА | Ве загрижува ли новиот бран на ковид 19?
Растечен нос, високи температури, болки во коски. Амбулантите преполни со заболени. Настинка, грип или ковид 19? Надлежните велат дека има од се по нешто. „Слободен печат“ ги праша граѓаните дали сте загрижени за зголемувањето на бројот на заразени од корона?
Одговорите различни, некои се доста загрижени, други пак велат дека короната сега е во блага форма, со лесни симптоми.
-Да, секако сум загрижен- вели повозрасен господин.
Скопјанка вели дека воопшто не е загрижена бидејќи короната која сега ја има доаѓа во некоја блага форма. Таа објаснува дека веќе има болни луѓе во нејзината околина, но дека симптомите се слични на настинка.
-Да, веќе циркулира, во моето опкружување веќе има болни луѓе- вели таа.
На прашањето дали сметате дека треба да има мерки за заштита, мислењата се поделени, но велат дека ќе ги почитуваат доколку ги донесат надлежните.
-Јас не сум стручен толку во тој дел но доколку надлежните донесат некоја одлука, секако дека треба да се почитува- вели скопјанец.
Целата анкета на колешката Агнеса Чаволи погледнете ја во продолжение: