ВИДЕО | Златен медал за Егоров: Македонија има европски шампион во борење!

егоров
Владимир Егоров освои злато на ЕП во Будимпешта/Фото: facebook.com/bfrsm.mk

На Европското првенство за сениори во борење кое се одржува во Будимпешта (Унгарија) златен медал освои Владимир Егоров, натурализиран Македонец со руско потекло.

Во големото финале во категоријата до 57 кг. успеа со резултат 8:6 да го совлада Алиабадас Ржазде од Азербејџан.

Во претходните борби нашито натпреварувач во четвртфиналето го елиминираше Германецот Никлас Стехеле со 5:4.

А во полуфиналето со технички туш убедливо со 10:0 триумфираше над Ерменецот Манвел Хндртсјан.

Со бронзени медали во оваа категорија се закитија Хндрстјан и Бека Бујиашвили од Грузија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот