ВИДЕО | Жена фрла новороденче во контејнер, снимена од надзорна камера

Полицијата во Русија трага по жителка на Енгелск, која е осомничена дека го фрлила своето бебе во ѓубре вчера во утринските часови.

Малото момче било спасено благодарение на случаен минувач, кој слушнал плачење од контејнерот. Бебето итно било пренесено во болница. Но, не е познато во каква состојба се наоѓа.

Безбедносните камери од околните згради ја снимиле жената во летен фустан како се обѕрнува, а потоа се приближува до контејнерот и ја фрла кесата во која се наоѓало бебето.

Трагичниот настан се случил околу 5 часот и 40 минути, а жената потоа исчезнала во непознат правец.

Се смета дека живеела во тој дел од градот, а во тек е интензивна потрага по неа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот