ВИДЕО | Зеленски: Ни треба уверување од Шолц дека Германија ја поддржува Украина

Володимир Зеленски
Володимир Зеленски / Фото: Скриншот, Јутјуб

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика германскиот канцелар Олаф Шолц да покаже јасна поддршка за Украина.

Зеленски во интервју за германската телевизија ЗДФ рече дека Германија не треба да се обидува да ги балансира своите интереси меѓу Украина и односите со Русија.

„Потребно ни е уверување од канцеларот Шолц дека Германија ја поддржува Украина. Тој и неговата Влада мора да одлучат, не може да има компромис меѓу Украина и односите со Русија“, рече украинскиот претседател.

Германскиот канцелар ја бранеше Германија од обвинувањата дека нема да го испорача оружјето што ѝ го вети на Украина.

Според Шолц, пред да биде испорачано модерно оружје во Киев, украинските војници треба да бидат обучени како да го користат.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот