ВИДЕО: Затворен стадионот во Холандија на кој се сруши дел од трибината

Прославата на победата за малку можеше да заврши трагично/принтскрин/твитер/No Context Football

Холандските власти го затворија стадионот „Гоферт“ во Нијмеген откако пред два дена за време на натпреварот помеѓу НЕЦ и Витесе во рамки на деветтото коло од Ередивизијата, се сруши дел од трибината.

Веднаш откако судијата отсвири крај на натпреварот, гостинските навивачи почнаа да скокаат и да ја слават победата на нивните фудбалери. Дел од нив се качија на оградата и тогаш се урна дел од трибината, но за среќа беше избегната трагедија и никој не беше повреден.

Бидејќи не знаеме зошто се сруши дел од трибината, мораме да го затвориме стадионот. Доколку тоа не го направиме, ќе биде загрозена безбедноста на навивачите. Кога ќе бидеме сигурни дека стадионот 100 проценти е сигурен за навивачите, повторно ќе го отвориме“, објавија градските власти.

Во НЕЦ се согласуваат со одлуката на градските власти бидејќи безбедноста на навивачите е најважна.
– Ја разбираме одлуката на градските власти да го затворат стадионот. Најважно е да се спроведе детална истрага, а во исто време оваа одлука за нас значи дека ќе мора да побараме друг стадион за одигрување на домашните натпревари – изјави Ник ван дер Камен, портпарлот на НЕЦ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот