ВИДЕО | Заев: Очекуваме ЕУ и Бугарија да го штитат и негуваат македонскиот идентитет и јазик

Премиерот Зоран Заев напиша на Фејсбук дека очекува во преговарачката рамка за Северна Македонија да пишува дека Acquis-то ќе биде преведено на македонски јазик.

„Очекуваме во преговарачката рамка за Северна Македонија да пишува: Acquis-то ќе биде преведено на македонски јазик. Никако поинаку.

Тоа е европска вредност. Како што ние ги штитиме сите европски идентитети, сите европски јазици, ги негуваме, ги употребуваме, ги учиме во нашите училишта, така очекуваме ЕУ, вклучително и Бугарија, да го штити и негува нашиот македонски идентитет и македонски јазик. Тоа е наше право.“, напиша Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот