ВИДЕО: Вознемирувачки сцени во Италија: Фудбалер падна сред натпревар, мораше да интервенира брза помош

epa07752260 Stefan Panic (L) of FK Riga and Patryk Dziczek of Piast Gliwice in action during UEFA Europa League second qualifying round, second leg soccer match FK Riga vs Piast Gliwice at the Skonto stadium in Riga, Latvia, 01 August 2019. EPA-EFE/TOMS KALNINS

Натпреварот помеѓу Асколи и Салернитана во Серија Б, никој нема да го памети по головите, шансите или победата на гостите бидејќи тоа што го одбележа е несреќата на младиот полски фудбалер, Патрик Џичек.

Џичек кој настапува за Салернитана како позајмен фудбалер од Лацио, во 70. минута од натпреварот, се сруши на теренот и почна да се тресе. Веднаш притрчаа фудбалерите на двете екипи како и лекарите, а на крајот влезе и возило на брзата помош со кое е однесен во болница во Асколи.
Набрзо пристигнаа добри вести од болницата, Џичек ја повратил свеста и се чувствува добро, но клупскиот лекар открива дека и на подготовките се случила иста сцена.


– Имавме сличен инцидент во септември. Потоа следеа многу тестови и прегледи на кои не успеавме да ја најдеме причината. Сега се наоѓа во болницата „Мацони“ во Асколи, нема потреба да се користи дефибрилатор бидејќи нема проблеми со срцето. На теренот му го извадивме јазикот за да не задуши по нападот на епилепсија – објасни докторот на Салернитана, Епифано Дариго.

Според докторот, младиот полски фудбалер кој во март ќе наполни 23. години, нема да добие зелено светло да се врати на терените се додека не се открие причината за неговите проблеми со здравјето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот