ВИДЕО: Во инцидентот во Трир четири жртви и 15 повредени, возачот уапсен

Нема знаци за политички мотив во нападот со автомобил во Трир/ 1 декември 2020/ Фото: EPA-EFE/JULIEN WARNAND

Во денешниот инцидент кога автомобил со голема брзина влета во пешаци во германскиот град Трир, во сојузната покраина Рајнска област-Пфалц, загинаа најмалку четири лица, а 15 се повредени.

Министерот за внатрешни работи Роџер Левенц изјави дека меѓу загинатите е и едно бебе, а 15 лица се полесно и посериозно повредени, пренесе Анадолија.

Заменик началникот на полицијата во Трир, Франц-Дитер Анклер, изјави дека 51-годишниот германски државјанин, роден во Трир, кој влетал во пешачката зона, е уапсен и возилото е обезбедено.

Наведувајќи дека местото на злосторството и околината се затворени и дека истрагата продолжува, Анклер додаде дека осомничениот е брзо фатен и испрашуван.

ВИДЕО: Покосени на пешачки во Трир, две жртви – едно е бебе и 10 повредени

Обвинителот Питер Фрицен рече дека осомничениот е под обвинение за четири убиства, неколку обиди за убиства и намерни повреди на многу луѓе.

Фрицсен кажа дека според првичните информации, нема докази за некаков религиски или политички мотивиран напад.

Германската канцеларка Ангела Меркел испрати сочувство до семејствата на загинатите, и на повредените им посака брзо закрепнување.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот