ВИДЕO: Во големиот руски напад загинаа 11 луѓе, Украинците тврдат дека собориле десетици руски проектили

Руски проектили EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Единаесет лица загинаа, а 11 други се ранети денеска во големиот руски ракетен напад врз Украина, што се случи еден ден откако Германија и САД се договорија да испратат тенкови во Украина, соопштија украинските власти.

Врховниот командант на украинската армија, генерал Валериј Жалузни изјави дека украинската противвоздушна одбрана соборила 47 од 55 руски проектили, а портпаролот на службата за вонредни ситуации Олександр Хорунџи на јавната телевизија ги кажа бројките на загинатите и повредените.

Според него, во Киев е убиен 55-годишен маж, а властите во Запорожје соопштија дека во руските напади загинале три лица. Жалузни, пак, рече дека само над Киев биле соборени 20 руски проектили

Шефот на кабинетот на украинскиот претседател Андриј Јермак соопшти дека Системите за воздушна одбрана на Украина собориле руски ракети.

Низ цела Украина утринава беше прогласена воздушна тревога, а во некои региони беше исклучена и струјата поради страв од напади.

Киев запнал за „леопарди“, но нема да одбие ни „абрамс“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот