ВИДЕО | Викторија Бекам наполни 50 години! Дејвид ѝ честиташе со трогателно видео од досега невидени семејни моменти

Викторија и Дејвид Бекам / Фото: EPA/ Instagram

Викторија Бекам го слави својот 50. роденден, а по тој повод нејзиниот сопруг Дејвид Бекам на својот инстаграм-профил објави трогателно видео на кое се прикажани досега невидени семејни моменти.

На видеото се прикажани снимки и фотографии од животот на Викторија, почнувајќи од детството на нивните најстари деца Бруклин и Ромео. Помеѓу сентименталните моменти од нивните животи, Дејвид не можеше да одолее, па се осврна и на анегдотата на Викторија со Ролс-Ројс автомобилот на нејзиниот татко.

Имено, Дејвид сподели снимка од детството на неговата сопруга каде таа и нејзината сестра Луиз позираат пред автомобилот на нивниот татко. Снимката алудира на моментот од документарниот филм за Дејвид Бекам кога Викторија кажува дека нејзиното семејство било „многу трудољубиво, работничка класа“. Потоа, таа открива во кој автомобил нејзиниот татко ја возел секој ден до училиште.

Заедно со видеото, поранешниот фудбалер и напиша трогателни и хумористични зборови на својата сопруга.

„Среќен роденден на мојата убава сопруга. Како што влегуваш во овој роденден, треба да погледнеш наназад и да бидеш горда на она што го постигна и изгради. ‘Спајс’, деловна жена и, се разбира, се омажи за капитенот на Англија“, напиша Дејвид пред да додаде емотикон кој плаче од смеа.

„Но, твојот најголем успех се твоите деца, кои ги водиш, ги сакаш и ги учиш… Те сакаат повеќе отколку што можат да кажат зборовите, ние те сакаме многу. Имај посебен ден затоа што го заслужуваш“, рече понатаму Дејвид, а потоа погледна на сцената од документарецот кога Викторија го уверува дека е искрена“, продолжи тој.

„50 и фит. Искрен сум!“, ја заврши објавата Дејвид.

Викторија веднаш се огласи по повод роденденската честитка и во коментарите напиша „Многу ве сакам сите“.

Нејзините деца објавија свои честитки до нивната мајка на Инстаграм. Ромео ѝ се заблагодари „за сè“, додека најстариот син Бруклин сподели фотографија од себе како бебе на одмор со својата мајка. Исто така, Круз Бекам сподели фотографија кога бил мал каде мајка му го води за рака.

ФОТО | Дејвид Бекам полугол поправа телевизор: Компанијата „Самсунг“ веднаш се огласи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот