ВИДЕО | Вемби доминираше на теренот и постави рекорд во НБА
Натпреварите во изминатата ноќ од претпоследното коло во регуларниот дел од НБА донесоа неколку интересни резултати, а во центарот на вниманието беше младиот ас на Сан Антонио Спарс, Виктор Вембањама.
Препорачано
Тексашкото дерби му припадна на Сан Антонио, кој славеше убедлива победа од 139-120 против Далас. Вембањама уште еднаш покажа зошто се вбројува меѓу главните кандидати за МВП признанието, откако за само нешто повеќе од 26 минути на теренот запиша фантастичен учинок од 40 поени, 13 скокови, пет асистенции и две украдени топки. Со тоа, тој постави редок рекорд, најмалку минути потребни за да се стигне до бројки од најмалку 40 поени, 10 скокови и пет асистенции.
Најголем бенефит од резултатите извлекоа Лејкерси кои убедливо го совлада Феникс со 101-73. Во исто време, Минесота ја прекина победничката серија на Хјустон триумфирајќи со 136-132.
Ваквиот расплет значи дека Лејкерси сега се пред Хјустон на табелата, со што обезбедија предност на домашен терен во претстојните плејоф натпревари.
Атланта – Кливленд 124-102
Шарлот – Детроит 100-118
Вашингтон – Мајами 117-140
Бостон – Њу Орлеанс 144-118
Индијана – Филаделфија 94-105
Њујорк – Торонто 112-95
Чикаго – Орландо 103-127
Милвоки – Бруклин 125-108
Сан Антонио – Далас 139-120
Денвер – Оклахома 127-107
Хјустон – Минесота 132-136
Јута – Мемфис 147-101
Портланд – ЛА Клиперс 116-97
Сакраменто – Голден стејт 124-118
ЛА Лејкерс – Феникс 101-73


