ВИДЕО: ВАР технологија од септември во квалификациите за СП 2022

Германија има 69% шанси дека ќе триумфира во Скопје/Фото: EPA-EFE/THILO SCHMUELGEN

ФИФА и УЕФА повеќе не чекаат – ВАР системот ќе се користи од септемвриските натпревари од квалификацискиот циклус за пласман на Светското првенство во Катар 2022 година.

По итна постапка, во последните неколку дена беше испратено писмо до националните фудбалски федерации за воведување на најнова технологија на европски терени, без исклучок.

Во истото јасно е наведено дека поради вонредни мерки, условени од организација на натпреварите во доба на коронавирусот, примената на ВАР системот во квалификациските натпревари беше одложена.

Најновите анализи на УЕФА, со согласност на ФИФА, ја покажаа неопходноста и итноста за имплементација на видео технологијата, уште во четвртото коло од мундијалските квалификации.

Со најавата дека ВАР ќе им биде од корист на учесниците во квалификациите и поддршката за правилни судиски одлуки, Европската куќа на фудбалот уверува дека последниот акт автоматски ќе ја подобри регуларноста на натпреварите во континенталното натпреварување.

Во наредните денови беше најавено поконкретно објаснување за тоа како да се имплементира и користи ВАР системот.

Да потсетиме, мартовскиот циклус беше обележан со грешка на судиите на мечот Србија-Португалија (2:2). На гостите не им беше прознат гол во судиското надополнување за време, откако асистентот на холандскиот судија Дани Мaкели, не виде дека топката ја мина гол-линијата, а Кристијано Роналдо не можеше да поверува.

Македонија многу добро ги започна квалификациите за СП, иако на стартот беше поразена од Романија (3:2), следуваа победите над Лихтенштајн (5:0) и Германија (1:2) за моментно второ место на табелата. Следните три меча избраниците на сега новиот селектор Благоја Милевски ќе ги имаат на 2 септември дома против Ерменија, три дена подоцна во Рејкјавик со Исланд и на 8 септември на домашен терен со Романците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот