ВИДЕО: ВАР им поништи два гола, но Французите се пресилни за Германија

epa09274778 Karim Benzema (C) of France celebrates scoring a goal that was later disallowed due to offside during the UEFA EURO 2020 group F preliminary round soccer match between France and Germany in Munich, Germany, 15 June 2021. EPA-EFE/Kai Pfaffenbach / POOL (RESTRICTIONS: For editorial news reporting purposes only. Images must appear as still images and must not emulate match action video footage. Photographs published in online publications shall have an interval of at least 20 seconds between the posting.)

Дербито на првото коло на Европското првенство во кое играа последните два светски шампиони и припадна на Франција.

Фудбалерите на Франција во големото дерби на првото коло на Европското певенство со 1:0 ја совладаа Германија во Минхен. Единствениот гол беше постигнат во 20 минута и тоа кога германскиот дефанзивец Матс Хумелс со лоша реакција го совлада Мануел Ноер.

За тоа колку Франција беше подобар противник на теренот во Минхен најдобро говорат податоците дека ВАР технологијата им поништи два гола, на Мбапе и на Бензема како и тоа што Германија не упати ниту еден удар во рамките на голот на Уго Лорис.


На стартот Германија имаше блага иницијатива, имаше поголем посед на топката и неколку напади но изостана конкретната завршницата. Французите беа први кои посериозно се заканија, во 17 минута шутот на Килијан Мбапе го одбрани Ноер. Но три минути подоцна Франција поведе по одлична акција во која Пол Погба го проигра Лукас Ернандез кој центрираше во петерецот на Ноер, а Матс Хумелс неспретно ја смести топката во сопствената мрежа.

До крајот на наптреварот, Германците имаа поголем посед на топката, но не успеаја да создадат ниту една шанса, додека Франција својата шанса ја бараше преку брзите контранапади. Токму на таков начин „триколорите“ постигнаа два гола преку Мбапе и Бензема кои беа поништени по сугестија на ВАР собата.
Во второто коло, Франција ќе игра против Унгарија, додека Германија ја очекува уште едно големо дерби, против актуелниот европски шампион Португалија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот