ВИДЕО: Валверде и Хоселу за „кралски“ пресврт против Сосиедад

фото: EPA-EFE/Rodrigo Jimenez

Фудбалерите на Реал Мадрид од стартот на сезоната во „Ла Лига“ редат само победи, ја запишаа и петтата откако на домашен терен со 2:1 го совладаа Реал Сосиедад.

Гостите водеа уште од петтата минута со голот на Андер Баренечеа и ваквата минимална позитива ја задржаа до крајот на првото полувреме.

Само што почна вториот дел играчите на Карло Анчелоти израмнија преку Федерико Валверде (46`), а во 60 минута пресвртот го комплетираше Хоселу. Асистент на двата домашни погодоци беше Фран Гарсија.

На првото место во најсилното шпанско првенство водат „кралевите“ со 15 бодови, единствени со максимален учинок, два повеќе од второпласираната Барселона.

За Реал Сосиедад ова беше прв пораз во шампионатот и моментно е на 11 позиција со шест бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот