ВИДЕО: Уште една „нула“ во Катар, Американците беа блиску да ја шокираат Англија

Мируваа мрежите на натпреварот Англија - САД/Ал Кхор, Катар/25 ноември 2022/фото: EPA-EFE/Mohamed Messara

Во натпреварот од второто коло во групата „Б“ на Светското фудбалско првенство репрезентациите на Англија и САД на стадионот „Ал Бајт“ одиграа 0:0.

Најблиску до погодок беше американскиот репрезентативец Кристиан Пулишиќ кој во текот на првото полувреме ја затресе пречката.

Англичаните се на врвот во групата со четири бодови, пред Иран кој има три, САД два, а Велс има еден.

Потсетување дека претходно Иранците со 2:0 славеа важна победа против велшката селекција за останување во трката за влез во осминафиналето.

Во третото коло следниот вторник се закажани натпреварите САД – Иран и Велс – Англија. Сите четири селекции се во игра за нокаут-фазата на Мундијалот, во случај на еднаков број на боддови, се гледа вкупната гол-разлика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот