ВИДЕО: Унгарија е најголемата сензација, мајсторија на Салаи против Германија

Адам Салаи го постигна мајсторски гол за Унгарија/Лајпциг, Германија/23 септември 2022/фото: EPA-EFE/HANNIBAL HANSCHKE

Пред стартот на групата „3“ од најсилниот А сегмент во Лигата на нации никој не веруваше дека Унгарија може да направи било какво изненадување, скоро многумина ја „отпишаа“ во конкуренција на Германија, Италија и Англија.

Унгарците ја запишаа и третата победа остварена на гостувањето кај Германија во Лајпциг со резултат 0:1. Стрелец на единствениот гол беше Салаи во 17 минута, погодок во стилот на големите мајсторији кој вреди да се погледне.

Во вториот меч од истата група репрезентацијата на Италија на стадионот „Сан Сиро“ во Милано со 1:0 славеше над Англија. Радост за актуелните европски шампиони донесе Распадори во 68 минута.

На табелата Унгарија е првопласирана со 10 бодови, пред Италија која има осум, Германија е третопласирана со шест, а Англија која се сели во понизок ранг (Лига „Б“) има два бодови.

Во последното шесто коло на 26 септември Англија на „Вембли“ ќе ја пречека Германија, а Унгарија во Будимпешта на „Пушкаш“ Арената за првото место во групата и учество на Фајнал-фор турнирот ќе игра против Италијанците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот