ВИДЕО | Украинците тврдат дека зазеле еден од клучните градови во Курск

Украинската државна телевизија објави видео на кое се гледа како украинските војници го отстрануваат руското знаме од официјална зграда во Суџа, град во руската област Курск.

На видеото, за кое државната телевизија соопшти дека е снимено во средата на 14 август, се гледа како тројца украински војници го креваат и го отстрануваат руското знаме додека извикуваат „Слава на Украина“.

Дописникот на државната телевизија јави дека украинските сили имаат целосна контрола над Суџа, клучен центар за испорака на гас низ Европа, пренесува Ројтерс.

Москва соопшти дека руските сили продлжуваат да се борат со украинските сили со цел да ја преземат контролата на пограничниот стратешки центар Суџа, кој се смета за витален гасен центар во овој дел од Русија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот