ВИДЕО: УЕФА го најави финалето, Грузија или Македонија на Европско?

Фото: instagram.com/FFMacedonia/

Денеска од 18.00 часот на „Динамо Арената“ во Тбилиси ќе се игра натпреварот од УЕФА Лигата на нации за пласман на наредното ЕП, битката помеѓу Грузија и Македонија.

Нашите најдобри фудбалери ќе се борат за победа која ќе ни значи прв историски настап на континенталните собири во сениорска конкуренција.

Европската фудбалска куќа (УЕФА) објави видео, како одлична најава за вечерашната пресметка после која се надеваме дека Македонија ќе биде таа која ќе слави.

Во продолжение можете да погледнете уште едно интересно видео од ФФМ, како Ангеловски во својата канцеларија ги анализира натпреварите и се крои тактиката.

Еден дел од подготовките на селекторот на македонската репрезентација и неговиот стручен штаб за вечерашниот дуел.

– Со позитивните резултати кои ги остваривме се донесовме во таква ситуација, среќни сме што сме дел од ова финале, но не планираме тука да застанеме – вели Ангеловски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот