ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Грк-пензионер мачи куче, го влече со кола по улица

Фото: Скриншот

Вчеравечер на островот Закинтос, во областа Гаитани, 75-годишен маж е уапсен бидејќи врзал куче за куката од своето возило и го влечел по улица, објави Екатимерини.

На социјалните мрежи се појави снимка на која се гледа тортурата врз кучето. Моментот го снимал возач од друг автомобил . Видеото било испратено до локалната полиција која го идентификувала и го привела осомничениот.

Против човекот е поднесена кривична пријава за прекршување на законската регулатива за животните, изречена му е административна казна од 30.000 евра, а денеска ќе биде изведен пред јавен обвинител на Закинтос.

Надлежниот министер на полицијата, Нотис Митаракис, на социјалната мрежа Твитер искоментира дека вакви антиопштествени однесувања се строго неприфатливи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот