ВИДЕО: Трамп се заигра со вештачката интелигенција – објави снимка како тепа канадски хокеари и ја води Америка до злато
Триумфот на САД над Канада со 2:1 во финалето на машкиот турнир во хокеј на мраз на Зимските олимписки игри во Милано-Кортина стана малку и политичка тема, откако американскиот претседател Доналд Трамп сподели контроверзна видеоснимка на социјалните мрежи.
Препорачано
Станува збор за видео изработено со помош на вештачка интелигенција, објавено на неговата платформа, во кое Трамп е прикажан како член на американската хокеарска селекција. Во видеото тој влегува во жестоки дуели со канадските играчи, ги оттурнува и ги удира, а потоа постигнува гол по кој следи еуфорична прослава со соиграчите.
Снимката експресно се прошири на интернет и предизвика лавина реакции, особено поради чувствителниот контекст во односите меѓу двете соседни земји. Дополнителни реакции предизвика и претходната објава од Белата куќа, во која на илустрација, американски белоглав орел симболично ја гази канадската гуска, порака што многумина ја протолкуваа како мешавина од спортско ривалство и политичка провокација.
„Премногу победуваме, тоа едноставно не е фер“, додаде Трамп покрај видеото.
This @TheRicanMemes epic hockey meme was truthed by President Trump.
Congrats on the gold Rican! 🥇 pic.twitter.com/ITdS0cqQ1g
— Brick Suit (@Brick_Suit) February 23, 2026
ВИДЕО: Американците ја победија Канада и по речиси половина век станаа олимписки шампиони


