ВИДЕО | Трајковски го посети музејот во Палермо

Фото: alextrajkovski8/instagram

Репрезентативец на Македонија, Александар Трајковски посетата на Италија во текот на летниот одмор ја искористи и за посета на неговиот поранешен клуб, Палермо.

Трајковски дресот на Палермо го носеше од 2015-та од 2019-та година.

При посетата Трајковски го посети и музејот во Палермо каде што го донираше својот дрес со кој настапуваше за тимот од Сицилија во минатото.

Палермо освен на клупски план, буди и убави сеќавања кај Трајковски поради голот кој го постигна за Македонија кога ја елиминиравме Италија во мундијалскиот бараж.

Во овој момент Трајковски е член на Ал Фехја од Саудиска Арабија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот