ВИДЕО: Титулата во Серија А му се насмевнува на Наполи

Во последниот натпревар од Серија А одигран во недела Наполи на домашен терен ја совлада Рома со 2:1. Актуелниот лидер во најсилното италијанско првенство поведе во 17 минута, со голот на најдобриот стрелец Осимен, негов 14-ти сезонава. Асистент беше Грузиецот Кварацхелија, кој стигна до двоцифрен број на асистенции сезонава.
Рома успеа да израмни во 75 минута со голот на Ел Шарави, кој влезе во игра на стартот од вториот дел. Тоа беше негов петти погодок во дуелите со тимот од Неапол.
Во последната фаза од мечот, „наполитанците“ дојдоа уште една многу вредна победа во борбата за Скудетото оваа сезона.
Зиелински му асистираше на замената Симеоне, кој го постигна својот трет лигашки гол во 86 минута. Со оваа победа составот на Лучано Спалети ја задржа предноста од 13 бода пред второпласираниот Интер, додека сега има дури 15 бода повеќе од Лацио на третата позиција.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас настапи од 69 минута кога го замени Кварацхелија. Се одигра уште еден меч, Лацио ремизираше со Фиорентина (1:1), Милан загуби убедливо од Сасуоло, додека Јувентус ги разочара своите навивачи со поразот од Монца.