ВИДЕО | Светот шокиран од снимката од Богојавление: Мајка на минус 26 сосила го потопува синот во вода

Фото: Принтскрин/Јутјуб/Комсомольская Правда

Корисниците на социјалните мрежи останаа шокирани откако се појави видео на кое мајка од Русија на Богојавление – Водици насилно го потопува својот син во вода и покрај негодувањето на малото дете.

На видеото се гледа како Русинка го носи својот расплакан син до опремената фонтана. Таа ја симнува крпата од момчето и се обидува да го потопи во водата.

На видеото снимено во Комсомолск, Русија, на платформа над ледената вода се гледа мајка чие дете, кое е облечено само во шорцеви, ѝ е грабнато од раце и неколку луѓе кои ја гледаат реакцијата на малото дете. Детето присилно го „фрлаат“ во водата на минус 26 степени, кое вреска во ледената дупка.

Маж и жена, кои стојат покрај платформата, го фаќаат детето за раце и три пати го потопуваат во водата, додека несреќното дете вреска и се обидува да остане над водата. Детето при својот отпор клоца и се држи со нозете за оградата и скалите. Мајката на расплаканото дете цело време стои во близина.

По повод овогодинешниот Богојавление, руските свештеници се согласија со властите дека не се препорачува потопување во ладна вода поради неповолната епидемиолошка состојба, бидејќи во црковните правила и записи не се споменува задолжително „капење“ за верниците, туку се работи исклучиво за личен избор.

Поради тоа, корисниците на социјалните мрежи остро го осудија потегот на мајката.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот