ВИДЕО | Студентскиот протест во Солун заврши во хаос: Молотови коктели, камења и шишиња „летаа“ на сите страни

Фото: EPA-EFE/DIMITRIS TOSIDIS

Студентскиот протест во Солун кој започна мирно, заврши во хаос, откако студентите почнаа да фрлаат молотови коктели, камења и шишиња, на што полицијата одговори со солзавец. Најмалку две лица, студент и полицаец беа повредени.

Студентите бараа повлекување на законот за високо образование, кој овозможува воведување полиција на универзитетите, а протестот на кој присуствуваа околу 7.000 луѓе помина во судир со полицијата, јавуваат грчки медиуми.

Судири меѓу полицијата и студентите се случија пред Универзитетот Аристотел, но и на повеќе места во градот, а покрај молотовите коктели, на улиците беа поставени и барикади со контејнери.

Еден демонстрант бил повреден кога бил зафатен од пожар од молотов коктел што се обидел да го фрли, а полицијата го спасила откако го изгасила пожарот, а потоа го уапсила. Неколку автомобили на улиците на Солун беа уништени и оштетени.

Студенти демонстрираа и во Атина, а на улиците имаше околу 2.000 демонстранти, објави грчката полиција. Според полицијата, група од околу 200 демонстранти се обиделе да влезат во зградата на универзитетот, во што биле спречени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот