ВИДЕО | Страшна сцена: УФЦ борец се сруши на мерење пред борба

Застрашувачки сцени беа видени на официјалното мерење пред УФЦ 324, кое се одржа во Лас Вегас. Борецот во бантам категорија (до 61 килограм), Камерон Смотерман, успешно ја помина вагата, но веднаш по симнувањето од неа ја загуби свеста, падна и со лицето силно удри во подот.

Медицинскиот тим реагираше веднаш и му укажа прва помош, додека борецот извесно време остана да лежи на подиумот. По кратко време Смотерман дојде при себе, но сепак, со помош, мораше да ја напушти сцената на која се одржуваше мерењето.

Засега не е познато што точно го предизвикало губењето свестт, ниту дали ќе биде подготвен да настапи на настанот, каде што треба да се соочи со Ричик Турсиос.

На социјалните мрежи се појавија коментари дека колапсот на Смотерман најверојатно е последица на екстремното симнување килограми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот