ВИДЕО | Среќен роденден драга Калиопи: Пејачката сподели емотивно видео:„Годините се само бројка“

Калиопи/Instagram
Калиопи/Instagram

На денешен ден во 1966 година во Охрид е родена нашата македонска поп дива, Калиопи Букле.  Таа го поминува детството во Кичево, а првпат станува позната во јавноста по настапот на фестивалот „Златно Славејче“ во 1976, каде ја интерпретираше „Мојата учителка“, песна која е синоним за нејзините почетоци во кариерата.

Годините според неа се навистина само бројка и најважно е да се следат соништата и да се одбира она што се сака вистински – а за неа отсекогаш тоа било пеењето.

Денес таа сподели емотивно видео на својот инстаграм-профил, каде низ досега необјавени ретро фотографии од своето најрано детство до денес, се опфатени сите изминати години поминати со семејството, пријателите, музиката…

Во објавата пишува:

„Еј луѓе мои! Ајде да го прославиме новиот почеток низ моите 55 години живот. Затоа што годините се само бројка, а помислата на годините е она што го гледаме во огледалото, како што сакаме да се видиме.

Како се гледам себеси? Се гледам себеси како времето да не постои! Да се радуваме во тоа име!

ПС: Ти благодарам Ромео за оваа роденденска химна!“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kaliopi (@kaliopi_official)

Среќен роденден драга Калиопи, ти посакуваме здравје, успеси и радост!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот