ВИДЕО | Спасува живот: Откриена загатката зошто постои дупчето на капачето на пенкалото!

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Стандардното хемиско пенкало со капаче беше првото хемиско пенкало со кое многумина научија да пишуваат во основно училиште.

Некои од нас ги џвакаа капачињата или дури свиркаа со дување во малата дупка, за која многумина не знаеја дека има функција за „спасување живот“.

Иако многумина од нас тоа го отфрлија како „нешто што има врска со мастилото“ – дупката е, всушност, тука поради многу поважна причина.

Зак Д, кој редовно споделува мали откритија кои ги смета за интересни, им ја открил тајната на малото дупче на своите следбеници на Инстаграм, која компаниите кои ги произведуваат се законски обврзани да ја додадат во дизајнот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zack D. Films (@zackdfilms)


Во снимката, која има повеќе од 3,1 милиони прегледи, тој објаснил: „Дали некогаш сте се запрашале зошто капачињата за пенкала ги имаат тие мали дупки?

– Па, повеќето мислат дека тоа има некоја врска со мастилото, но вистинската причина е многу поважна од тоа. Компаниите кои произведуваат хемиски пенкала со капачиња се, всушност, обврзани да ги додадат овие мали дупки. Таа мала дупка е доволно голема за да создаде проток на воздух низ неа во случај капачето да се заглави во грлото (душникот) на човекот – вели тој во видеото.

Многу следбеници биле изненадени од неговото објаснување за постоењето на таа дупка и во коментарите го изразиле своето воодушевување и изненадување од таа информација.

Некои луѓе сè уште не сфатиле колку често тие капачиња за пенкала биле во нивните усти кога биле деца.

– Го користам како мало свирче – напишал еден следбеник, додека друг додал дека „се сеќава како додека бил дете постојано ги џвакал тие капачиња за пенкала, пишува „Дејли стар“.

– Леле, се надеваме дека ова никогаш никому нема да му се случи – напишал еден гледач на видеото.

Меѓутоа, други биле малку повеќе импресионирани бидејќи истакнале дека не сите марки на хемиски пенкала ја имаат оваа дупка.

– Не сите хемиски пенкала ја имаат оваа дупка  – напишал еден гледач на видеото.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот