ВИДЕО: Смеќерски потег на Љоренте, ја излажа девојката па ја запроси на фудбалски терен

EPA-EFE/Juan Carlos Hidalgo

Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Маркос Љоренте, ја доведе до лудило својата девојка Патрисија Наорбе и тоа поради добра причина.

Љоренте ја излажа своја девојка дека одат на стадион за да присуствуваат на мала церемонија во негова чест како еден од најзаслужните за освојување на титулата на Атлетико Мадрид во Ла Лига. За време на „церемонијата“ на големиот семафор беа прикажани инсерти од нивната врска што ја разнежи Патрисија, а потоа Маркос ја расплака.

Тој клекна, извади веренички прстен и ја побара Патрисија за жена. Таа го кажа судбоносното ДА по што на теренот влегоа нивните пријатели и роднини.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paddy – Charlotte (@paddy.8)

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот