Вреќи со земја од Фукушима/Фото: скриншот

ВИДЕО | Слабо радиоактивна почва од Фукушима донесена во дворот на премиерот за да се покаже дека таа е безбедна

Десетина вреќи со слабо радиоактивна почва собрана во близина на оштетената јапонска нуклеарна централа во Фукушима вчера беа доставени во паркот на станбениот комплекс на јапонскиот премиер, во обид јавно да се покаже дека земјата од зоната на нуклеарната централа Фукушима е безбедна.

Недолго по цунамито и нуклеарната катастрофа во март 2011 година, јапонските власти отстранија слој контаминирана почва од големи области во Фукушима со цел да се намали нивото на зрачење, објавува порталот „Јапон тудеј“.

Оттогаш, околу 14 милиони кубни метри озрачена почва од Фукушима се складирани во објекти во близина на самата нуклеарна централа, но јапонската влада вети дека ќе ја премести контаминираната почва на друга локација во земјата до 2045 година.

Поголемиот дел од складираната почва од Фукушима содржи ниски нивоа на зрачење, еднакви или пониски од зрачењето на еден рендгенски зрак, соопшти Министерството за животна средина.

Сепак, малкумина беа спремни да ја земат складираната контаминирана почва од Фукушима, поради што јапонската влада одлучи да покаже дека не е опасна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот