ВИДЕО: Симпатизерите на Максим Димитриевски слават, тој вели дека победил на 70 отсто од избирачките места

Актуелниот градоначалник на Куманово и независен кандидат за нов мандат, вечерва од Градскиот плоштад објави дека има убедливо водство во првиот круг од изборите и дека е на прагот на победата, која според него е извесна во вториот круг од гласањето.

– Како независен кандидат повторно поддржан од граѓаните водам убедливо во првиот круг и очекувам на 31 октомври да добиеме уште поголема поддршка од граѓаните и да го потврдиме тоа. Досега во аналитичкиот центар од вкупниот број на избирачките места коишто ги имаме обработено концептот „За наше Куманово“ победува на повеќе од 70% од гласачките места, рече Димитриевски пред собраните симпатизери кои прославуваат.

– Успеавме заедно со граѓаните на Куманово да ги победиме сите политички субјекти во градот, но за жал бевме соочени со големи притисоци. Дефинитивно се потврди тоа што го кажувавме цело време, дека МВРО не е минато во оваа држава, туку е МВРО на квадрат, но со „О“ на квадрат назад, и ќе им го вратиме МВР во вистинските рамки на граѓаните со потврдувањето на оваа победа на 31 октомври, додаде Димитриевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот