ВИДЕО | Северина заплакала поради оваа жена: Погледнете за кого станува збор!

Instagram
Instagram

Северина сè уште отворено не проговори за својот љубовен статус, но е многу активна на социјалните мрежи во врска со други теми.

Овојпат пејачката на својот профил на  Инстаграм се присети на славната скијачка Јаница Костелиќ и нејзиното познато ски-возење од 2006 година.

Во оваа пригода, Северина откри дека дури и плачела поради оваа прекрасна жена и нејзините врвни резултати…

„Денес се запрашав зошто и за кои спортисти сум плачела од радост. Ги имаше многу, но сите плачевме поради неа и оваа сцена, а исто така бевме горди. Емоциите беа измешани затоа што ова беше чудесно. Надчовечки напор. Ова е нешто што ретко се гледа“, напиша пејачката заклучувајќи дека Костелиќ е неверојатен спортист и жена.

Таа ја опиша како премногу силна, а сепак скромна.

Сила на телото и умот, талент и работа, посветеност и пред сè – скромност. Единствена Јаница Костелиќ“, напиша Севе будејќи спомени.

А како изгледаше сето тоа, може да погледнете на видеото.

Преземено од Еспресо.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот