ВИДЕО | Се тресе сè живо: Фатен момент на паника во слаткарa среде земјотресoт во Измир
Бројот на загинатите во вчерашниот земјотрес во западна Турција се искачи на 35, соопшти министерот за здравство на републиката, Фахретин Коџа. Речиси 900 лица се повредени.
Социјалните мрежи буквално вријат од различни видеа, кои го доловиле овој разорен земјотрес кој го погоди Измир. Едно од нив стана вирално, во него може да се видат вработени во слатката како се кријат под маси додека се околу нив се тресе.
– Имаме 35 мртви, 243 лица се лекуваат во болници, осуммина се на интензивна нега, тројца од нив се во сериозна здравствена состојба, изјави Коџа пред новинарите.
One of panic moments during #earthquake in #izmir #Turkey #TurkeyEarthquake #earthquake #deprem #Tsunami pic.twitter.com/LiptEHWqTi
— Global News (@GlbBreakNews) October 30, 2020
Земјотрес со јачина од 7 степени според Рихтеровата скала ја потресе вчера западна Турција, со епицентар во Егејското Море, во близина на градот Сеферихисар во провинцијата Измир. Земјотресот се почувствува и на блиските грчки острови.
Грчките сеизмолози ја проценуваат неговата јачина на 6,9. Најмалку 20 згради се урнаа во Измир. Земјотресот предизвика мало цунами што ги зафати крајбрежните улици на Сеферихисар.
Материјална штета има и на грчкиот остров Самос, каде две лица загинаа, а 20 се повредени.