ВИДЕО: Руски војници навидум бараат преживеани на бојното поле, вистината е многу пострашна

Фото: Твитер / принтскрин

Украинскиот активист, блогер и волонтер Серхи Стерненко на својот профил на „Твитер“ објави снимка на која наводно се гледа како руски војници крадат часовник од раката на нивни убиен соборец.

Видеото е снимено со дрон, а тоа е проследено со натпис: „Ексклузивно од 72. бригада“.

Според Стерненко, рускиот војник чие тело се гледа на снимката, загинал во битката кај Вугледар. Руските војници кои поминувале на местото наводно барале преживеани, но не го земаат телото на паднатиот војник, туку само му вадат часовникот од раката, по што бегаат.

Автентичноста на снимката не може да се утврди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот