ВИДЕО | Русија објави бизарна снимка: Вселенска станица се распадна откако руските астронаути си заминаа

Архива на СП

Ново бизарно видео објавено од рускиот државен медиум „РИА Новости“ покажува како Меѓународната вселенска станица (МВС) се распаѓа на два дела откако руските астронаути се збогувале и си заминале.

„Рогозин очигледно и се заканува на програмата ISS“, велат од НАСА Воч.

Futurism.com потсетува дека пред само неколку недели, шефот на руската вселенска агенција Роскосмос, Дмитриј Рогозин, им се закани на САД со отпад од затворената станица со одвојување на рускиот дел, на што американскиот претприемач и милијардер Илон Маск, шефот на „SpaceX“, одговори со лого на неговата компанија и со ветување дека ќе го одржи огромното вселенско летало на површина. Овој пат, според Futurism.com, не е јасно дали Рогозин се заканил дека ќе ја урне ISS во атмосферата или само ќе го отстрани рускиот дел и ќе замине.

Ова исто така не е првпат шефот на Роскосмос, руската верзија на НАСА, да ја навредува и да и се заканува на американската агенција, потсетува порталот.

Денеска е 13-ти ден од руската инвазија на Украина. Инаку, Маск неодамна одби да ги блокира руските извори на информации и медиумски куќи на неговиот сателитски широкопојасен сервис Starlink.

„Нема да го направиме тоа освен ако не сме нивна мета. Извинете, ние сме апсолутни поддржувачи на слободата на говорот“, напиша Маск на својот Твитер профил.

Во септември минатата година, Рогозин го покани Маск на лансирањето на вселенското летало Сојуз од космодромот Бајконур во Казахстан во октомври, заедно со милијардерите Ричард Бренсон и Џеф Безос.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот