ВИДЕО | Роналдо испиша историја, Португалија славеше против Гана

Фото: EPA-EFE/Rolex dela Pena

Португалија со победа од 3:2 против Гана го започна Светското првенство во Катар.

После се што се случуваше во Манчестер Јунајтед во јавноста се поставуваше и прашањето дали Роналдо денес ќе стартува од првата минута, тоа се случи. Роналдо се најде во стартниот тим на Португалците. Во првото полувреме видовме по некоја шанса на двете страни меѓутоа на пауза се замина со почетните 0:0. Второто полувреме ни донесе далеку поинтересен фудбал во кој видовме дури пет гола од кои три во мрежата на Гана.

Се започна во 65. минута кога Роналдо ја доведе Португалија во водство од пенал кој тој го изнуди. Со овој гол Роналдо стана и единствениот играч кој постигнал гол на пет светски првенства во низа. Неверојатната низа Роналдо ја започна во 2006 година со голот на Светското првенство во Германија. На тој Мундијал во Германија Роналдо постигна гол против Иран, во 2010 година стрелаше против Северна Кореја, во 2014 како и денес ја затресе мрежата на Гана, додека во Русија во 2018 на Шпанија и даде хет-трик.

Гана се врати во игра во 73. минута со голот на Андре Ајев, но со тоа само као да ги налути Португалците кои во наредните седум минути постигнаа два гола. Прво Жоа Феликс ја врати предноста во 78. минута, а во следниот напад по една одземена топка на средината на теренот Леао се погрижи за 3:1. Двата гола водство не ја откажаа Гана. Букари во 89. минута погодува за 3:2 за да гледаме драматичен финиш.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот