ВИДЕО: Рома го совлада Фросиноне со головите на Лукаку и Пелегрини
Фудбалерите на Рома вечерва на домашен терен го победија Фросиноне со 2:0, во седмото коло од Серија А.
Рома поведе со голот на Ромелу Лукаку во 22 минута, а победата ја обезбеди Лоренцо Пелегрини во 83 минута. Пауло Дибала асистираше за двата гола.
Играчите на Жозе Мурињо ја постигнаа втората победа во првенството и со осум бода го заземаат 12 место на табелата.
Фросиноне е без победа во последните три натпревари, а по вториот пораз има девет бода и се наоѓа на 10 место на табелата.
Претходно денеска Болоња на домашен терен го победи Емполи со 3:0, Удинезе и Џенова ремизираа 2:2, а дуелот меѓу Аталанта и Јувентус заврши без голови.