ВИДЕО: Роглич падна на 50 метри пред целта и остана без титулата на Вуелта

Падот на словенечкиот велосипедист Примож Роглич пред крајот на етапата на Вуелта, Шпанија/фото: EPA-EFE/Javier Lizon

Словенечкиот велосипедист Примож Роглич се повлече од трката околу Шпанија, Вуелта, откако падна пред целта на 16 етапа, соопшти неговиот тим Џамбо-Висме.

– За жал, Роглич нема да стартува на 17 етапа по вчерашниот пад. Оздрави побрзо шампионе – напиша на Твитер, тимот Џамбо-Висме.

Словенечкиот велосипедист вчера на 16. етапа падна на 50 метри пред целта, и трката ја заврши на 35 место.

Роглич кој има три титули по ред на Вуелта, пред повлекувањето од Вуелта беше на второто место во генералниот пласман со заостаток од 1.26 минути зад лидерот Ремко Евенепоел.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот