ВИДЕО: Рибар сведочи за хоророт во Босна, го пронашол обесен убиецот кој ја задави сопствената сопруга

Фото: Фејсбук/принтскрин

Босанската јавност е шокирана од бруталното убиство на 32-годишна жена од градот Бихаќ, која била задавена со кабел од нејзиниот сопруг. Убиецот, 39-годишниот Енес Одобашиќ, избега и полицијата два дена трагаше по него, но тој утрово бил пронајден мртов откако се обесил на дрво покрај реката Уна, јавуваат локалните медиуми.

На социјалните мрежи е објавено сведочење на рибарот кој го нашол телото на убиецот, кој раскажува за морничавата слика што ја затекнал на брегот на реката.

„Ми беше чудно некој да паркира возило долу, покрај тесното патче“, сведочи вознемирениот рибар, кој во видеото се идентификува само како Зудо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот