ВИДЕО: Рекордна вечер за Богдановиќ, осум тројки против Шарлот

Фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Богдан Богдановиќ имаше нова одлична партија во дресот на Атланта која славеше во НБА лигата против Шарлот со резултат 105:101.

Српскиот интернационалец реализираше 32 поени и така постави рекорд на сезоната, како и рекорд на кариерата по бројот на постигнати тројки.

Забележа најмногу тројки во досегашниот тек од својата кариера, осум од 15 обиди, а додаде и два скока, три асистенции и две украдени топки.

На спротивната страна за Хорнетси доминираше Бриџес со 23 поени (седум скока). Атланта се наоѓа на четвртото место (29-25) во Источната конференција, а Шарлот е седмопласиран.

НБА лига, резултати –

Шарлот Хорнетс – Атланта Хокс 101:105
Денвер Нагетс – Бостон Селтикс 87:105
Кливленд Кавалирс – Њу Орлеанс Пеликанс 109:116
Орландо Меџик – Милвоки Бакс 87:124
Далас Маверикс – Сан Антонио Спарс 117:119
Мемфис Гризлис – Индијана Пејсерс 125:132
Минесота Тимбервулвс – Чикаго Булс 121:117
Њујорк Никс – Торонто Репторс 102:96
Лос Анџелес Клиперс – Детроит Пистонс 131:124
Портланд Трејл Блејзерс – Мајами Хит 98:107

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот